Во Охрид и вечерва протестен марш за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Граѓани попладнево со марш низ улиците на Охрид изразија поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
- Тука сме со една цел, сакаме сите унитарна Македонија, не сакаме поделувања, без оглед на етничка и верска припадност. Сите сме Македонци, сите граѓани сакаме да живееме во оваа земја во која има место за сите. Нема да дозволиме било кој да ја дели, порача Сафет Авмедовски кој на протестот дојде од струшкото село Подгорци.
За пензионерот Трајче Крстаноски предупредувачки се обидите за мешање во внатрешните работи на Република Македонија.
- Со туѓи платформи направени од други држави сакаат да го разнебитат и ова мало парче земја. Но мислам дека нема да успеат. Народот е тука за да им покаже дека нема играње, рече тој.
Движењето „За Заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.
Според активистите на движењето „За Заедничка Македонија“, протестите нема да запрат и во случај да се формира нова влада меѓу СДСМ и албанските партии.
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот