Во новото седиште на НАТО ќе бидат изложени остатоци од кулите-близначки во Њујорк
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го открие денеска во новото седиште на НАТО во Брисел споменикот, посветен на Членот 5 од Вашингтонскиот договор.
- Споменикот го сочинуваат остатоци од кулите-близначки, кои беа урнати при терористичкиот напад извршен од страна на Ал Каеда на 11 септември 2001 година во Њујорк, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека германската канцеларка Ангела Меркел, пак, ќе открие споменик со дел од Берлинскиот ѕид, како потсетник за улогата на Алијансата во мирното завршување на Студената војна.
Белгија денеска ќе му го предаде новиот објект на седиштето на НАТО, што е формална процедура околу изградбата на комплексот.
Столтенберг нагласи дека шефовите на држави или влади од членките на НАТО денеска ќе усвојат план за дејствување околу зајакнување на напорите во борбата против тероризмот.
- Ќе биде потврдена намерата за подготвување национални планови за извршување на задачите за трошоците за одбрана. Тоа е решителен момент за нашата безбедност, имаме потреба од силна Алијанса и цврста евроатлантска врска, истакна генералниот секретар на НАТО.
Ново на Сител
-
Министерката Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025 на панелот посветен на образованието на иднината
-
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
-
Без струја делови од Кисела Вода и Сарај
-
Членовите на АФЕТ ќе гласаат по извештаите за Црна Гора и Молдавија
-
Антетокумпо подготвен да ги напушти Милвоки Бакс
-
Романец ќе го суди финалето помеѓу ПСЖ и Интер
-
Конте: Играме над нашите можности, благодарност на играчите за тоа
-
Рекордна заработка од „Ел класико“