-->
-->
Во Неготино отруени и затруени неколку кучиња
-->
Здружението „Срце за животните-Тиквеш” од Кавадарци денеска алармираше дека е расфрлан отров низ Неготино, при што затруени и отруени се неколку кучиња.
Од Здружението порачуваат до жителите да ги приберат на сигурно нивните и маалските миленици, да внимаваат на децата додека одат по улиците, а секоја сомнителна храна на улица внимателно да ја отстранат и фрлат во канализација, никако во контејнер. Воедно, ги повикуваат да пријават секаква сомнителна активност во полиција.
Според нив, отровот за кучиња бил расфрлан, откако се создала глутница по женка во циклус.
Во моментов, едно отруено куче е на обдукција и со добиениот извештај ќе пријават утре во полиција, а велат, имаат сведок и име на трујачот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци