Во масовна гробница во Мексико пронајдени тела на 600 жртви
Посмртните останки на повеќе од 600 тела пронајдени се во масовна гробница, најголема досега во Мексико, јавија синоќа локалните медиуми.
Гробницата е откриена во близина на Тореон, еден од најопасните градови во светот, пренесува Раша тудеј.
На површина од 16 хектари во општината Сан Педро, кај Тореон, пронајдени се закопани коски, облека, обувки на повеќе од 600 жртви, објави „Нотимундо Њјуз“, повикувајќи се на групата „Вида“, невладина организација која ги претставува членовите на семејствата на исчезнати лица.
Претставничката на групата Силвија Ориц изјави дека останките се испорачани на властите заради идентификација.
Според официјалните податоци околу две илјади луѓе исчезнале во неконтролираните судири на криминалните групи кои се занимаваат со производство, криумчарење и трговија со наркотици.
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана