Во Крушево завршува манифестацијата „10 дена Крушевска Република“
Со спуштањето на бајракот и почесна стрелба за хеороите на Илинден и Крушевската Република, вечер на Гумење во Крушево ќе завршат годинашните 51. Научно-културни средби „10 дена Крушевска Република“.
Од отворањето на 1 август, до денес, манифестацијата која беше во знакот на 115-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република и 40-годишнината од Илинденскиот марш, понуди бројни настани, меѓу кои пречек на коњаниците од Илинденскиот марш, оддавање почит на хероите од Илинден и од Крушевската Република, чествување на празникот- 2 август, понуди театарски престави, културни и музички случувања кои го привлекоа вниманието на домашните и бројните странски гости и туристи во Крушево.
Во рамките на манифестација се одржаа и унгарска вечер, чествување за Власите и влашката култура, шампионат на Македонија на ридски патеки, концерти со класична и староградска музика, а посебно го привлече вниманието синоќешниот концерт на Влатко Стефановски во градскиот парк во Крушево.
Според крушевскиот градоначалник и претседател на Советот на Научно-културните средби „10 дена Крушевска Републик“, манифестацијата и годинава ја исполни целта.
- Главната цел на манифестацијата е да ги зачува традициите, придобивките и фактите за едни од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ и сите заедници што живеат во Македонија - Илинденското востание и сите настани врзани за Востанието и Крушевската Република. Воедно, да укаже на заедништвото, културното сплотување и зближувањето. Сите овие денови имавме многу гости од земјава и речиси од цел свет, а Крушево има што да им понуди - историја, гостопримство, гастрономски специјалитети, природа и можности за развој на алтернативниот туризам, вели Христоски.
На вечерашното затворање кое почнува од 20.30 часот концерт ќе одржи Здружението на џез-музичари.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни