Во Канада во мај отворени 289.600 нови работни места
Канадската агенција за статистика денеска објави дека во мај во земјата се отворени 289.600 работни места со повторно продолжување со работа на компаниите и олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.
Стапката на невработеност се искачи на рекордно високо ниво од 13,7 проценти, надминувајќи го претходниот максимум од 13,1 процент од декември 1982 година.
Некои економисти предвидоа загуба од 500.000 работни места во мај и стапка на невработеност од 15,0 проценти.
Зголемувањето на работните места доаѓа откако во март и април беа загубанеи три милиони работни места, а околу 2,5 милиони луѓе работеа со скратено работно време.
Според канадската агенција за статистика, бројот на луѓе кои работеле помалку од вообичаениот број часови во мај паднал за 292.000.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови