-->
-->
Во Канада регистрирани два случаја на заразени со мајмунски сипаници
-->
Канадската државна здравствена агенција потврди два случаја на инфекција со мајмунски сипаници, откако властите на провинцијата Квебек објавија дека истражуваат 17 сомнителни случаи. Неколку земји, вклучувајќи ги Португалија, Велика Британија и Шпанија, неодамна пријавија случаи на мајмунски сипаници, додека во средата во Масачусетс беше потврдено дека маж кој неодамна отпатувал во Квебек, Канада, се заразил со вирусот.
Досега во таа држава не бил регистриран тој вирус.
Мајмунските сипаници, кои досега беа забележани главно во Западна и Централна Африка, се ретка вирусна инфекција, слична на големите сипаници, иако во поблага форма. Вирусот првпат беше регистриран во ДР Конго во 1970-те, а бројот на случаи во Западна Африка се зголеми во изминатата деценија. Симптомите вклучуваат треска, главоболки и осип на телото кој започнува на лицето и се шири на други делови од телото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа