Во Канада евакуација на уште 12 илјади луѓе поради пожари
Уште 12 илјади луѓе добија известување да ги напуштат канадските нафтени кампови во близина на градот Форт Мекмареј, во кој изби пожар, јави Би-Би-Си.
Претсавник на локалните власти изјави дека вчера е наредена евакуација за осум илјади лица, како мерка за претпазливот, а четири илјади луѓе претходно се известени дека мора да се евакуираат.
Во големиот пожар се уништени околу 2.400 објекти. Поголеми пожари моментално беснеат надвор од градот, но повторно има опасност за градското подрачје.
Пожар и натаму беснее на околу 2.410 квадратни километри, а се предвидува дека нема да биде изгаснат уште неколку недели.
Одреден број работници во нафтените компании почнале да се враќаат во објектите северно и јужно од Форт Мекмареј, во канадската покраина Алберта, со цел повторно да го активираат производството.
Властите меѓутоа вчера предупредија дека пожарот почнал да се движи со брзина од 30 до 40 метри во минута кон северниот дел на овој град.
Регионот Вуд Бафало ги зајакна денеска мерките за претпазливот и евакуирани се сите работнички кампови на нафтените платформи северно од Форт Мекмареј.
Проблем претставуваат густиот чад и пепелта кои се шират во поширокото подрачје околу градот и ја попречуваат работата на противпожарните екипи, а топлите и суви ветрови придонесуваат за ширењето на пожарот.
Се вложуваат и напори за да се опособат виталните функции во Форт Мекмареј, за да се овозможи враќање на 80 илјади жители. Досега се обезбедени струја, фабриката за вода почна со процесот на преработка и оспособен е аеродромот.
Најголем проблем во моментов претставува квалитетот на воздухот, чија загаденост во градот е на 38 ниво, а дозволениот максимум е десет.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста