Свет
18. February 2016 - 13:53

Во Ирак смртна казна за 40 лица поради масакрот во Тикрит

Ирачкиот суд изрече денеска смртна казна за група од 40 мажи поради учество во масакрот врз ирачките шиитски регрути во јуни 2014, што го извршиле џихадистите и нивните сојузници, јави Танјуг.

Централниот кривичен суд во Багдад прогласи 40 од 47 обвинети за виновни за учество во масакрот „Спеичер“, наречен по базата во чија близина се фатени жртвите пред да бидат погубени.

Станува збор за воздухопловната база во Тикрит, каде се заробени 1.566 кадети на 12 јуни 2004 година во операцијата за заземање на родното место на Садам Хусеин, од кои повеќето се убиени.