Во Хрватска регистриран прв случај на флурон - истовремена зараза со ковид и свински грип

Во Хрватска е потврден првиот случај на флурон, кога едно лице е заразено со Ковид-19 и грип во исто време, потврди началникот на Службата за клиничка микробиологија, Јасмина Вранеш, за хрватскиот јавен сервис ХРТ.
Првиот случај на флурон е регистриран во Институтот за јавно здравје (НЗЈЗ) „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб.
Според информациите, станува збор за комбинација на грип и корона, а според информациите од Институтот се работи за вирусот на инфлуенца А, таканаречениот сој на свински грип H3N2.
Во таа институција, вчера биле регистрирани околу 50 отсто позитивни на Ковид-19, што е многу повеќе од пред седум дена, кога имало 30 отсто позитивни примероци, рече Вранеш.
Таа додаде дека е реткост некој по третпат да заболи од корона, но дека има и двапати заразени иако се вакцинирани. Вранеш нагласи дека се следи состојбата со омикрон, кој многу полесно се шири, а инкубацијата е пократка од пет до седум дена, пренесе „Хина“.
Првиот светски случај на флурон е забележан минатата недела во Израел.
Ново на Сител
-   
           На експресниот пат Крива Паланка-Страцин ќе се градат нови клучки кај Десетак и Петралица
-   
           Муниција пронајдена во возило, приведен скопјанец
-   
           Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни
-   
           Со сослушување сведоци денеска во Кривичен треба да продолжи судењето за „Онкологија 2“
-   
           Притвор за тетовец поради закани на Фејсбук кон жена и функционери од политичка партија
-   
           Орбан: Кој денеска ја поддржува Украина, ја поддржува војната
-   
           Две лица загинаа во бурата од рекордни размери во Њујорк
-   
           ФТ: Самитот Трамп-Путин е откажан поради цвртстиот став на Русија за Украина



