Во Етиопија систем за следење на бројот на починати од Ковид-19
Докторот Билал Ендрис во главниот град на Етиопија, Адис Абаба, пред 10 години воспостави програма за да ги следи смртните случаи поврзани со ХИВ, а сега го следи бројот на починати од Ковид-19.
Билал обезбеди дополнителни средства за спроведување на програмата на сите 73 гробишта во Адис Абеба, наместо на сегашните 10.
Во главниот град на Етиопија помалку од 20 проценти од смртните случаи се случуваат во болниците, рече Билал, па затоа е неопходно за следење на бројот на починати да се разговара со водачите на заедниците и раководителите на гробиштата.
Само осум земји во Африка – Алжир, Кејп Верде, Џибути, Египет, Маурициус, Намибија, Сејшели и Јужна Африка – бележат повеќе од 75 проценти смртните случаи, покажуваат податоци на Обединетите нации.
Во другите региони, каде што официјалните податоци се лесно достапни, истражувачите го користеле вкупниот број на смртни случаи кој го надминал просекот за даден период од годината за да го утврдат бројот поврзан со пандемијата на коронавирусот.
– Во Етиопија и насекаде низ Африка … немаме податоци, рече Билал. – Сакав да го претворам здравствениот систем во систем заснован на докази, рече тој.
Во Етиопија до сега има 7.650 заразени со коронавирусот и 127 смртни случаи.
Иако официјалните податоци покажуваат дека бројот на заразени и починати е мал, епидемијата на коронавирусот се забрзува, јавија светските агенции.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка