Во Дебар двајца новозаразени со КОВИД-19, активни на болеста 67
Во последното деноноќие во Дебар се регистрирани две новозаразени лица со КОВИД-19, со што вкупната бројка од почетокот на пандемијата до сега изнесува 120. Битката со вирусот ја добиле 48, починаа петмина, додека активни на болеста се 67 од кои десеттина хоспитализирани во здравствените установи во Скопје.
Од повторната појава на болеста, на петти јуни, се 69 заразени лица од кои едно е излекувано, додека едно лице на 52-годишна возраст почина вчера во клиниката „Жан Митрев“. Останатите 67 се уште се активни на болеста.
Во изолација и самоизолација се шеесеттина граѓани.
Според надлежните, не се добиени резултати од повеќе земени брисеви. Оправдано се очекува, согласно симптомите што ги имале лицата, бројката на заразени да расте. Причина за тоа, повторуваат, е непочитувањето на мерките и протоколите, како од граѓаните, така и од деловните субјекти.
Полициската статистика, пак, покажува дека поради неносење заштитна маска, во последното деноноќие парични платни налози се издадени на деветтмина дебрани.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите