Македонија
31. March 2016 - 12:47

Во Битола пронајдена граната од Првата светска војна

Артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена вчера во Битола.

Како што соопшти полицијата, гранатата е пронајдена при изведување градежни работи на каналот „Курделес“, а е подигната за натамошна постапка од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.

Случајот го пријавил Д.Т., шеф на возен парк во „Нискоградба“, во 12:20 часот во СВР Битола.