Во Битола празнична ликовна изложба „Магијата на Монмартр“
Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, вечер во културниот центар „Магаза“ ќе ги претстави најдобрите ликовни творби од годинешната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.
Раководителот на студиото, Коста Хаџи Антоновски истакна дека со оваа меѓународна ликовна изложба продолжува традицијата, во предвечерието на Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, во Битола да биде приредена празнична изложба „Магијата на Монмартр“.
- Оваа година во ист ден и во ист час ќе отвориме две ликовни изложби на кои ќе бидат претставени најдоби ликовни дела од колонијата што пролетоска се одржа во Битола и Охрид. Првата изложба ќе биде отворена вечер во 20 часот во битолската „Магаза“, а втората во истовреме ќе биде отворена во главниот руски град Москва, во Академијата за акварели и ликовни уметности на Сергеј Андријанов. Со оваа одлука сметавме дека уште повеќе се интернационализираат културните вредности, посочи Хаџи Антоновски.
На изложбата „Магијата на Монмартр“ доминираат ликовни творби со мотиви од старата македонска архитектура и пејзажите во Македонија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност