Во Албанија заштитна маска задолжителна во затворени простории
Во Албанија носењето заштитни маски и во затворени простории станува задолжително, изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу при посетата на Здравствен дом во Тирана, каде амбулантски се лекуваат пациенти заразени со Ковид-19, а нивната состојба ја следат матични лекари.
Таа исто така рече дека ќе бидат казнети сите оние лица кои нема да носат заштитна маска.
-Со одлука на Техничкиот комитет на експерти, онака како што тоа го направивме во јавниот превоз или активности со висок ризик, сега ќе бидат задолжителни за сите во затворен простор. Ќе биде една поголема одговорност на сите граѓани, да носат заштитни маски насекаде во затворено. Сите оние лица кои нема го почитуваат тоа ќе бидат казнети.Здравјето нема цена,посочи Манастирлиу.
Таа ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека во земјата нема доволно тестови.
-Има доволно тестови и епидемолошката состојба се следи внимтелно.Апелирам до граѓаните да бидат посовесни во потувањето на препораките,рече таа.
Албанија има капацитет за правење до 500 тестови дневно.Засега не се дозволува тестови да се прават во приватни клиники.Најавено е отворање нова лабораторија со над илјада тестови дневно.
Послениот месец во Албанија секојдневно се регистрираат висики двоцифрени бројки а завчера за првпат беше регистрирана и троцифрена бројка. Дел од епидемиолозите бараат враќање на полицискиот час за викенд.
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце