Во Албанија 14 новозаразени со Ковид-19
Со новодијагностицираните 14 случаи, во последното деноноќие, што е за пет случаи повеќе споредено со вчерашниот ден, бројот на заболените со Ковид-19 во Албанија се зголеми на 562 лица.
Како што информираше Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа тестирани се 231 сомнителен случај,од кои 35 се здравствени работници.
-Од потврдените 14 позитивни случаи, еден е здравствен работник од болницата во Скадар. До сега направени се 5.542 теста при што позитивни се 562 или околу 10 отсто од вкупно тестираните. Во последното деноноќие 12 пациенти се оздравени или вкупно 314 лица ја добиле битката со опасниот вирус. За жал и покрај напорите на лекарите до сега 24 лица починаа, рече Дервиши.
Во земјата, рече таа, моментно се 222 активно заразени лица и додаде дека како што може да се види бројот на оздравени е поголем а овој тренд продолжува повеќе од една недела.
Според Дервиши, во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 42 пациента, од нив 10 се на интензивна терапија, од кои четворица во тешка здравствена состојба.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор