-->
-->
Во 2016 година еднократна парична помош за 808 новороденчиња во Аеродром
-->
Во изминатата 2016 година, градоначалникот на Општина Аеродром додели најмногу, досега рекордни, 808 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња, од кои речиси подеднакво беа машки и женски, односно имаше вкупно 406 машки деца, а 402 женски деца.
Од нив 495 се првородени деца, а 284 се второродени, во 25 семејства има трето дете, четири се четвртородени.
За разлика од претходните години, и во изминатата 2016 година, најчесто име што им се давало на девојчињата од Општина Аеродром е Ана, а кај момчињата Дамјан, но оваа година има и нов „победнички“ пар на имиња, а тоа се Јован и Јована. Исто така, има и многу деца кои се викаат Јана, Петар, како и Марко. Меѓу новородените има и деца кои имаат ретки имиња како што Кирјана, Лана, Бела, Лена, Дарин, Зои, Доротеа...
Општина Аеродром и годинава продолжува со проектот еднократна помош на секое семејство со новороденче во општината, во висина од 5.000 денари.
Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2017 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се симне на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.
Изминатиот викенд градоначалникот Коневски додели над 150 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата