-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Заев пушта на слобода криминалци пред локалните избори
-->
Заев пушта на слобода криминалци во пресрет на локалните избори. Со ова Владата на СДС станува синоним за бандитизам и криминал. СДС се става на страната и во заштита на криминалот.
Овие луѓе со кривични дела зад себе ќе бидат ставени во функција во изборниот период. Заев знае дека ќе загуби и сега се ориентира кон недемократски методи кои значат корупција и рушење на демократскиот амбиент за избори.
SWOT анализата на СДС која излезе во јавност јасно покажа дека силна страна е злоупотребата на МВР во функција на локалните избори. Значи ја имаат МВР, а сега и криминалците како Красниќи и Сејдиу кои се на слобода.
Ослободувањето на осудени криминалци, е со цел да се вклучат во изборниот процес и преку недемократски средства да ја извлечат СДС од изборниот пораз кој им следи.
Дополнително вчера соопштија дека ќе донесат одлука за амнестија за осудениците. Одлуката на владата на СДС за носење на амнестија е неиздржана, и дневно политичка. Заев иако ветува, нема да донесе амнестија пред изборите, но на овој начин сака да ги излаже и затворениците да гласаат за нив на изборите. Ова се вика и изборна корупција. Ваквите дворско криминално коруптивни игри нема да им успеат. Тие ќе бидат казнети од граѓаните на изборите на 15 ти октомври.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден