ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да тргува со националните интереси
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека претседателот на СДСМ Зоран Заев не може и не смее да тргува со највисоките национални и државни интереси само, како што соопштуваат, да не одговара за криминалите што ги сторил.
Според ВМРО-ДПМНЕ, стотици илјади граѓани на Заев секојдневно му порачуваат дека нема да му ја прифатат тиранската платформа и тиранската Влада што има намера да ја формира и со која ќе ја довел во прашање иднината на Македонија.
Народот, наведува ВМРО-ДПМНЕ, го порази Заев на изборите. Неговата програма доби само 430.000 гласови. Се останато се лаги и манипулации и признание на отстапките кои ги прави и неговата согласност да ја редефинира државата.
- Ако Заев е убеден дека платформата му носи поени нека распише избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги признае резултатите. Ако мисли дека нема ништо да се смени доколку ВМРО-ДПМНЕ има 62 дебело се лаже. ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли уцените и ја отфрли тиранската платформа. ВМРО и јавно соопшти дека нема намера да формира влада по секоја цена. Заев е исплашен и нема храброст да го стори тоа. Затоа СДСМ тоне, а граѓаните бараат одговорност, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека граѓаните не дозволуваат, како што стои во соопштението, Заев да си договара двојазичност, менување на банкноти, униформи, да си отвара дебати за химната, грбот и знамето и да го стартува процесот на кантонизација и федерализација.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид