ВМРО-ДПМНЕ: Заев е принцот на политиканството, признава дека се плаши од пораз пред избори
Реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев
Заев е принцот на политиканството во Македонија.
Заев со одбивањето на иницијативата за предвремено ратификување на протоколот на НАТО признава дека се плаши од пораз на избори.
Уште еднаш излегува на површина стравот од соочување со народот.
Дека предвремено ратификување на протоколот е пракса која е применлива покажува примерот со Црна Гора, која предвреме го ратификуваше истиот протокол.
Различно е сто Македонија го има Заев кој се плаши од избори.
Кога сме кај политиканството, треба да се знае дека Заев е пример за тоа. Впрочем нека се потсети за автентичното толкување на законот за амнестија каде недела дена го повикуваа ВМРО-ДПМНЕ да го прифати а на крај нивните пратеници не го прифатија тоа толкување. Добро е Заев да се произјасни за тоа дали прифаќа забрана за амнестија за политичари и амнестирани политичари да не се занимаваат со политика.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024