ВМРО-ДПМНЕ: Во Министерството за одбрана се спроведува партизација на администрацијата
Радмила Шекеринска и СДСМ спроведуваат целосна партизација на администрацијата во одбраната.
Во министерството за Одбрана имаме брутално кршење на законите при процесот на унапредување на административните слубеници.
Според информациите со кои располагаме комисиите добиле списоци на луѓе кои треба да бидат унапредени, интервјуата кои се дел од процесот на селекција се закажуваат за половина час од кога кандидатот ќе биде известен дека му е закажано интервју, а на многу од нив немало елементарни услови за тоа, бидејќи во просторијата имало во исто време присутни повеќе од еден кандидат.
На партиски погодните кандидати прашањата им се доставуваат претходно и истите се известени за тоа од страна на високи функционери во Министерството.
Комисиите прават се за да не поминат кандидатите кои според партискиот список на СДСМ не се погодни.
Шекеринска целата одговорност сака да ја фрли на членовите на комисиите за избор затоа што на крај тие ќе треба да го потпишат извештајот од селекцијата.
Ги повикуваме сите учесници во овој компромитирачки процес да ги почитуваат законите и прописите и во интерес на владеењето на правото да не дозволат нивниот потпис да биде алатка во предизборната кампања на СДСМ. Ако тоа не биде случај ќе мора да се соочат со одговорноста за кршење пропис.
Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија