ВМРО-ДПМНЕ: Трајната неспособност на Ковачевски може да предизвика голема штета
Судот треба во итно да постапи согласно членот 40 од Законот за вонпарнична постапка и да го отпочне процесот за утврдување на деловната способност на дезертерот Ковачевски. Сепак не се работи за било кое лице, туку за носител на функцијата премиер.
Уверението кое го има приложено за одбегнување на воениот рок, во кое е наведено дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, е доволен сомнеж и основ да се испита неговата деловна способност. Дезертерот Ковачевски има пристап до државни тајни, треба да донесува рационални одлуки, од него зависат државата и граѓаните и затоа е од суштинска потреба судот да утврди дали е деловно способен или не. Неговата ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ може да предизвика голема штета на Македонија.
Веројатно во таа процедура ќе се утврди дали човекот е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН или само лажирал документи за да не оди во војска. И во едниот и во другиот случај треба да ја напушти функцијата.
Колку подолго молчи судот под притисок на власта, колку повеќе бега Ковачевски, толку повеќе се потврдува неговата дезертерска карактерна црта.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали
-
Сончево и топло до 28 степени