ВМРО-ДПМНЕ со оценка за здравствената и економската криза во земјава
Македонија е црна точка во регионот и во Европа, а кластерот СДСМ е ризик за граѓаните. Многу се опасни тезите на Заев и Филипче дека вирусот слабее. Уште поопасни се тврдењата дека имаат контрола и ги знаат кластерите. Дека не е така говори фактот дека секојдневно има над 10 проценти новоинфицирани со корона од тестираните.
Има потфрлање од планот на УЈП во собирање на даноците. На почетокот на годината планот за наплата даноците за првите пет месеци вели дека УЈП ќе наплати речиси 38,5 милијарди денари, а денес реализацијата е околу 29 милијарди денари. Односно има наплата околу 75 проценти, што збачи потфрлање за 25 проценти!
Ако се следи структурата на наплатени даноци, податоците кај данокот на добивка има потрлање за 45 проценти, кај персоналниот данок на доход потфрлањето е околу 25 проценти, а кај данокот на додадена вредност има најголемо потфрлање повеќе од 47 проценти!
Дека економијата се движи во амбис покажува индустриското производство. Индустриското производство во април месец има намалување за 33,5 проценти. Преработувачката индустрија која најмногу учествува во креирање на економијата има пад од 40 проценти.
Бројката на вработени во индустријата само во април е намалена за 5,1 процент.
Капиталните инвестиции се катастрофални. Реализирани само околу 18 проценти од планот предвиден со ребалансот на Буџетот.
Состојбата е алармантна и кога станува збор за дефицитот, односно зголемен е долгот, а го плаќаат граѓаните. Според проценките до крајот на годината секое семејство ќе биде задолжено за дополнителни 1.500 евра.
Потребна е стратегија за решавање на кризата настана од корона вирусот, а не пи-ар настапи на претставници на власта.
Заев и Филипче можат само да донесат повеќе криминал, повеќе корупција, поголем дебакл во справување со корона кризата.
Ако СДСМ не знае, ВМРО-ДПМНЕ знае како да излезе од кризата. Доаѓа обновата. Обновата победува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024