ВМРО-ДПМНЕ: Шестиот пакет мерки е задоцнет
Шестиот пакет мерки е задоцнет. Лага е дека мерките ќе ги покријат загубите на најкритичните стопански дејности затоа што истите не одговараат на моменталната економска состојба во државата.
Скандалозно е носењето мерки дури после цел месец рестрикции, откако беше воведен полицискиот час, со кој се ограничи движењето на населението во вечерните часови, токму во времето кога погодените економски сектори го остваруваат приходот.
Неспособноста на оваа власт се манифестира во следното: наместо обесштетување на економските сектори, пакетот мерки е скроен за санација на штети кои ги предизвика најнеодговорниот министер за здравство кој Република Македонија го имала во својата историја досега.
Наместо поддршка, мерките ќе ги претворат најкритичните економски сектори во најкритични социјални сектори, а последицата ќе биде КОВИД-19 технолошки вишок на вработени или КОВИД-19 стечајци.
Себично и селективно е однесувањето на економските советници на власта, затоа што мерките не предвидуваат санација на економските штети, а уште помалку не поддршка на трудово - интензивната индустрија, како што се текстилната и кожарската индустрија. Изоставени се градежната индустрија, естрадните уметници, драмската дејност, рударството. Оставени сами на себе се инвеститорите во зоните и прехранбената индустрија. Доказ за тоа е порастот на цените на прехранбените продукти, кои зголемените производни трошоци, поради рестрикциите на оваа влада, ги пренесуваат на цената на чинење на готовите производи.
Народот треба да се подготви за најлошите економски сценарија бидејќи на оваа влада состојбата и' е излезена од контрола.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата