ВМРО-ДПМНЕ: Првиот работен ден новиот министер за внатрешни работи тргна во решавање на Онкологија
Скандалозни случувања на Онкологија нешто повеќе од две години за кои зборуваше целата јавност, а пациентите сведочеа на истите. Власта предводена од СДС и ДУИ едвај собра сили по две години, или минатата година во септември, да го обелодени скандалот. Но, и по четири месеци од обелоденување на истиот нема ништо конкретно.
Затоа првиот работен ден новиот министер за внатрешни работи тргна во решавање на Онкологија. Прашањето е, зошто овој случај се ставаше под тепих?
Случувањата на Онкологија од вчера покажуваат само една работа – дека власта на СДС и ДУИ не се грижи за ништо, односно ниту еден скандал во здравството нема разрешница и се сѐ движи многу споро, а цената ја плаќаат граѓаните.
Едноставно се чекаше техничка влада и технички министер да се размрдаат работите. А, постапката за откривање на случувањата на Онкологија требаше да биде завршена уште вчера.
За неефикасноста на системот, ненавремените активности во клучните области како внатрешни работи, обвинителство, судство одговорни се СДС и ДУИ.
На власта предводена од СДС и ДУИ како да не и се работеше, како да не фаќаше да сработи ништо од што нема корист. Како да се чекаше на техничка влада и технички министер за да се размрдаат работите.
Секој сторител на казнено дело треба да се најде пред лицето на правдата. За седум години владеење, СДС и ДУИ правдата ја ставија на страна. Одговорност мора да има.
Во здравството никогаш не било полошо, никогаш не било полошо во институциите на системот! Важно е да ги поразиме!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци