ВМРО-ДПМНЕ предлага веќе почнати инфраструктурни проекти, тврди Сугарески
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма што ја најавува предлага веќе почнати инфраструктурни проекти или проекти што ќе бидат завршени до почетокот на изборите.
Тој најави дека во наредните денови ќе ја „разбијат таа лага“ бидејќи има сериозни инвестици во патиштата, комуналната инфаструктура и гасификацијата.
-Во делот на инфраструктурните проекти слушаме малку смешно за проекти кои во моментот се градат во целата држава, а во ВМРО-ДПМНЕ ги ветуваат за градба. Имавме прилика тоа да го видиме и потенцирав во моите статуси дека во наредните денови комплетно ќе одиме да ја разбиеме таа лага бидејќи навистина во оваа држава сериозно се инвестира и во делот на патиштата, комуналната инфраструктура и гасификацијата овие години и навистина е смешно да се предлагаат во изборна програма проекти кои се реализираат или ќе бидат завршени можеби до почетокот на изборите, рече Сугарески, при денешната работна посета на Дојран каде беше направен увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран.
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево