ВМРО-ДПМНЕ: По потпишување на договорот Груби почна да носи патики кои чинат колку една македонска плата | ФОТО |
Артан Груби е човек без срам. Очигледно стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за Коридорот 8 и 10.
Артан Груби глуми моден гуру и замислете, на очиглед на целата македонска јавност, се облекува во патики кои чинат дури колку една македонска плата. Артан Груби вчера, смеејќи и се на целата македонска јавност во лице се пофали со патики “Off-White” кои чинат над 450 евра.
Да потсетиме дека половина милион граѓани живеат со само 150 денари на ден и немаат леб да јадат, а Груби почна да се облекува во патики кои чинат повеќе од 27.000 денари. Нека се запраша дали тие граѓани на своите деца можат да им купат патики од над 27.000 денари.
Груби е човек кој е познат по своето семејно брзорастечко мултимилионско богатство, стекнато под сомнителни околности.
Потсетете се само кој беше Артан Груби и дали носеше патики од над 450 евра пред да влезе во политиката, кога беше хулиган и погледнете го сега откако се потпиша договорот за Коридорот 8 и 10.
Очигледно Артан Груби како новопечен мултимилионер сака во стилот да биде новиот Еди Рама, но за жал од “Алиекспрес”, бидејќи сите знаат дека овој негов луксуз се должи на криминалот и корупцијата кои ги прави оваа Влада на ДУИ и СДСМ.
Ова е најкриминалната Влада со најголемиот потенцијал за одговорност, одговорност која ќе се брои во стотици години затвор заради сторениот очигледен криминал.


Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
