ВМРО-ДПМНЕ: Нема одговор од владата кој направил и како успеал да направи хибриден напад во државата
Два дена молк од страна на Ковачевски, Османи и Маричиќ за тоа кој направил, кога направил и каков хибриден напад имало во Македонија.
Нема ниту одговорност зошто доколку имало хибриден напад во државава не бил спречен на време и зошто институциите дозволиле ова да се случи.
Логично се поставува прашање дали со дефокус на јавноста со наводниот хибриден напад во државата, Ковачевски, Османи и Маричиќ сакаат да избегаат од одговорноста за целосниот дебакл во преговорите со Европската унија и трајно уништените преговорачки процеси.
Лагите и манипулациите дека го немале видено или не го добиле францускиот предлогот се срушија како кула од карти, па под притисок на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ, мораше Ковачевски да се повлече и да глуми загрижен патриот.
Граѓаните добро знаат дека повеќе од 6 месеци овој штетен предлог кој ги руши сите државни интереси и позиции, го преговарале и договарале, Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, но поради случувањата во Бугарија и откривањето на целиот предлог во Македонија мораше да се откажат од предавничката позиција.
Целиот план на владата на СДСМ и ДУИ беше разоткриен.
Одговорност и оставки за Бујар Османи и Бојан Маричиќ за рушење на македонските национални позиција, како и нарушување на преговорачките позиции со ЕУ.
Изборите се единствено решение за излез од оваа катастрофална политика на СДСМ и ДУИ во преговорачкиот процес.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови