ВМРО-ДПМНЕ: Македонија урива рекорди во бројот на жртви од корона, починатите не се само бројки!
Македонија продолжува со црните биланси од епидемијата. Заради лошото менаџирање со кризата, наместо да се стишува, епидемијата се уште е на нивото кога беше прогласена вонредна состојба.
Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 23 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот.
Ова покажува дека Зоран Заев, СДСМ и Филипче наместо да се фокусираат на здравствени мерки бараат начин како да ја спасат политичката кариера и како да го ублажат престојниот пораз на изборите.
Македонија е рекордер во регионот по смртност на еден милион жители. Македонија е во врвот по заболени на еден милион жители. Македонија е на дното по бројот на тестови кои се прават.
При вакви состојби СДСМ и Заев се подготвени по секоја цена, по цена на животот и здравјето на граѓаните да брзаат на избори, затоа што мислат дека така ќе се спасат. Се лажат. Македонија прво ќе ја победи епидемијата, а потоа ќе ги победи неодговорните и погрешни политики на Заев.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.
Тоа народот ќе го казни.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници