ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи законски измени за забрана на увоз на тутун и заштита на домашното производство
Владата предводена од Зоран Заев не се грижи воопшто за граѓаните освен за своите интереси. Десетици илјади семејства кои живеат од тутунот се заборавени, излажани.
Власта наместо на страна на земјоделецот се става на страна на откупувачите со што не се цени, односно се гази по трудот на земјоделците.
За разлика од Заев и Владата предводена од Заев, ВМРО-ДПМНЕ се грижи се грижи за земјоделците. Токму затоа во прва прилика ќе предложи измени на Законот за тутун.
ВМРО-ДПМНЕ со предложените измени ќе забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец.
Целта е да се постигне повисока откупна цена на тутунот со што ќе се вреднува трудот на тутунарите, бидејќи Заев и Владата предводена од СДСМ ги пљачкаат тутунарите бидејќи откупната цена не е доволна да се покријат основните трошоци за производство. Заев овозможува да се увезува тутун од странство газејќи по домашните тутунопроизводители.
Четирите години власт на Заев се четири украдени години за сите. Се крадат и потценуваат тутунопроизводителите, наместо да се цени нивниот труд. ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на ваквото расипничко однесување на Заев и потценувањето на тутунопроизводителите!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата