ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата ги јаде платите и пензиите
СДС се одлепени од реалноста. Додека држат прес конференции над 500.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата.
Инфлацијата е 17,1 проценти и покачувањето на платите и пензиите со кое се фалат нема никаква додадена вредноста. Инфлацијата им ги јаде парите на граѓаните.
Доколку навистина водеше грижа за платите и пензиите и животниот стандард на граѓаните, тогаш немаше да дозволат поради суета и кавги во владата да изгубат 18 милиони евра заради пропаѓање на еврообврзницата.
Со 18 милиони евра изгубени од еврообврзницата можеше за поголем процент да се зголемат и платите и пензиите на пензионерите.
Со 18 милиони евра изгубени можеа да им помогнат на граѓаните со вистинско намалување на основните прехранбени производи, а не само на некои производи.
Или пак со пропаднатите 18 милиони евра власта можеше да изгради 10 училишта, 15 здравствени амбуланти или 10 градинки.
СДС се тотално забегани. Нивната неспособност ја плаќаат граѓаните.
Колку побрзо заминат, толку подобро.
Ново на Сител
-
Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас
-
Приведени шест возачи за управување со возило под дејство на алкохол
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот