ВМРО-ДПМНЕ: Долгот достигна 7,4 милијарди евра, само во последните три месеци е зголемен за нови 213 милиони евра
Јавниот долг за три месеци порасна за 213 милиони евра, или достигна 64,4% од БДП, објави министерството за финансии скриено низ табовите на веб страницата, за никој да не го најде. Овој податок е шверцерски објавен, без никакво јавно известување, на сред продолжен викенд, од страна на институцијата која се промовира дека била најтранспарентна.
Со ова јавниот долг достигна 7,4 милијарди евра, или за 2,7 милијарди евра повисоко во однос на 2016 година.
Оваа влада планира да продолжи уште да го задолжува овој народ. Следната година, планираат јавниот долг да достигне 8,5 милијарди евра или скоро 66% од БДП, согласно Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство догодина ќе биде задолжено со 17.000 евра.
За сметка на тоа, никој ништо нема да добие. Капиталните инвестиции се реализирани со бедни 30% за седум месеци, а истовремено се набавуваат автомобили и мебел и се вработуваат во јавната администрација лепачи на партиски плакати.
Меѓународната заедница и финансиски институции треба да станат свесни дека позајмувањето на пари на оваа гарнитура не се пари за граѓаните, туку пари фрлени во ветер за изживување на партиски пулени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка