-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ до Маричиќ: Кој друг освен Македонија да се интересира за правата на Македонците во Бугарија?
-->
Маричиќ уште првиот ден како продолжение од својот функционерски стаж јавно се огради од македонското малцинство во Бугарија додека клима со главата на бугарските барања за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.
Изјавата на Маричиќ е дека нема да се меша во малцинските права во Бугарија.
Прашуваме:
Кој друг освен Македонија да се интересира за правата на Македонците во Бугарија?
Дали изјавата на Маричиќ значи дека ќе побара Бугарија да не се меша во правата на малцинствата во Македонија?
Срамно и недостоинствено е однесувањето на потпретседател на Влада кое преставува продолжување и континуитет на срамните политики на заевизмот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци