ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев и Пекер разговарале за бизнисот со марихуана?
Седат Пекер преку видео обраќање кажа дека бил во домот на премиер, Зоран Заев.
Попусти се обидите на Владата да го перат Заев, сите видовме како на Пекер му беше доделено полициско обезбедување и придружба со неколку возила од МВР.
Таква асистенција од полицијата сигурно не добил од службениците кои прифатија вина за да не се дојде до главата на мафијата во Македонија.
Сите видовме како Пекер се шетал низ Македонија и се среќавал со коалициони партнери на Заев и државни функционери.
Пекер од страна на власта бил третиран како највисок странски државник.
Таквиот статус сигурно не му го обезбедиле градоначалникот на Маврово Ростуше или некој друг функционер во власта од тој тип.
Седат Пекер и Зоран Заев имаат една заедничка работа и двајцата се поврзуваат со наркотици.
Седат Пекер е нарко бос кој се занимава со трговија на наркотици. А братучедите на Зоран Заев поседуваат фабрики со марихуана.
Дали Зоран Заев и Седт Пекер разговарале за бизнисот со марихуана, или можеби за некој друг бизнис или негов влез во некој биизнис во Македонија?
Заев да не крие зад владини соопштенија и изјави и да каже што и како разговарал со Пекер.
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите