ВМРО-ДПМНE: Аздисаноста на СДСМ ќе заврши на предвремените избори
Зоран Заев и неговата криминална банда ја опустошија Република Македонија и им донесоа беда и сиромаштија на македонските граѓани.
Владата на СДСМ со своето расипничко работење стана симбол за криминал, корупција и рекетирање.
Трета година со ред нема ни трага ни глас од економската година која ја најавуваше Зоран Заев. Наместо тоа, добивме економска стагнација, вртоглаво покачен јавен долг кој надмина 5 милијарди евра и повеќе од 500.000 граѓани кои секојдневно гладуваат.
Неспособната и катастрофална економска политика на власта на СДСМ ја потврди и Светска банка каде во извештајот „Дуинг бизнис“ Македонија бележи пад од седум места. Бидејќи на СДСМ им стана навика да прославуваат неуспеси, тие и овој неуспех се обидоа да го престават како успех. СДСМ бележи неуспех и во делот на реализација на капиталните инвестиции кои заклучно со септември изнесуваат мизерни 32,2%, но многу полошо е тоа што во првата половина на 2019 година странските директни инвестиции изнесуваат ниски 48 милиони евра. Бројките се ужасни бидејќи власта почна да ги брка инвеститорите, а тоа го потврдија и германските инвеститори кои и дадоа нула на владата. Затоа најавите за големите инвестиции на Гугл, Фејсбук и Фолксваген ќе се паметат единствено како големи лаги на Заев.
Со СДСМ не тоне само економијата, туку тоне целата држава. Здравството е пред распад, образованието е девастирано, младите уште со завршување на основно орбазование веќе размислуваат како да заминат во странство, а земјоделието е понижено.
Не постои област каде оваа држава има напредок освен кај приватните бизниси на Заеви, особено оние со марихуана за кои СДСМ го злоупотреби и европското знаменце за да изгласа закон со кој ќе може да ја продава во странство.
Затоа и Македонија не доби датум за ЕУ, затоа што е предводена од власт која освен злоупотреби, криминал, арамилук и рекет ништо друго не знае.
Аздисаноста на СДСМ ќе заврши на предвремените парламентарни избори на 12 април, кога ќе бидат жестоко поразени и конечно ќе започне обновата на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка