Властите во јапонската префектура Фукушима второ деноноќие се борат со шумски пожар
Хеликоптери и војници од јапонските сили за одбрана второ деноноќие не успеваат да го изгаснат шумскиот пожар, што беснее по планинските падини крај гратчето Нами во јапонската префектура Фукушима, пренесе ТАСС.
Во гаснењето на пожарот учествуваат осум хеликоптери. Повеќе од 40 часа тие истураат вода над опожарените дрва, но се уште не успеваат да го запрат ширењето на огнот. Работата на пожарникарите се отежнува поради силниот ветер.
Огнот беснее во регион, што се наоѓа на неколку десетици километри АЕЦ „Фукушима-1“, каде пред неколку години се случи хаварија. Нивото на радијацијата таму останува повисоко од нормите, но за опасност од таков карактер не е соопштено. Според властите, не е регистрирано зголемување на нивото на радијација.
Во изминатото деноноќие, огнената стихија уништи околу 20 хектари. Бидејќи огништето на пожарот се наоѓа во тешко достапен предел, повредени нема.
Според противпожарната служба, огнот веројатно е резултат на молња.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа