Бизнис
7. јуни 2023 - 16:31

Владата тврди дека јадеме безбедна храна, и во мај двоцифрена инфлација

Храната што ја јадеме е безбедна, но скапа. Контролите покажале дека не содржи пестициди и  штетни материи, тврдат надлежните. Наспроти нив, опозицијата секојдневно обвинува дека власта го труе народот, со контаминирано овошје и зелечук, кои се увезени од Албанија. Првиот човек на АХВ демантира.

-Можам да гарантирам дека не постојат штетни матерерии, изјави Николче Бабовски, директор на АХВ

Сепак, граѓаните да внимаваат. Се продава несоодветно чувана храна, со поминат рок, без декларација или нејасно напишана од која не се чита содржината. Бројот на претставки по овој основ од година во година расте, вели првиот човек на Агенцијата за храна.

Од почетокот на годината до сега имаме 213 претставки, од кои 90 се за недозволени субстанци, несоодветно пакување, расипана храна или производи без декларација. Против сите субјекти кои продаваат вакви производи поднесени се соодветни мерки, изјави Николче Бабовски, директор на Агенција за храна.

Дали ќе има доволно храна и по која цена,од Агенцијата велат дека приоритет во светот е прво да ја обезбедат, да ја има во доволни количини. Бројките кои ги објави статситиката пак, покажуваат дека цените продолжуваат да растат. Во мај храната поскапела за 20,5%. Најмногу, за  30 отсто лебот и житата, млекото, сирењето и јајцата над 28, месото 27%.

Иако статитиката регистрира благ пад на инфлацијата, која од 13 во април, се намали за 2 процентни поени во мај, живеачката останува скапа.

Инаку во светот од глад или болести поврзани со недостиг на храна, годишно умираат 9 милиони луѓе, од кои една третина се деца, покажува Извештајот на ФАО и СЗО.Од јадење небезбедна, односно расипана храна заболува секој 10 жител во светот, а околу 400,000  добиваат тешки  заболување. Од друга страна, годишно се фрлааат околу милијарда тони храна. Во земјава, според проценките во канта завршуваат 10 до 12 илјади тони, со која можат да се обезбедат 3 оброка дневно со 26 илјади лица.