Бизнис
13. January 2022 - 19:33

Владата најде времено решение за струјата и проблемот со парно греење

Се најде привремено решение за проблемите со парното и струјата. Владата му наложи на ТЕТО  да работи и за време на викенд, а не само од понеделник до петок. Вишокот на струја кој ќе го произведува ќе го купува ЕСМ, по цена многу пониска од безранските, а ќе се обезбеди и топлинска енергија за граѓаните.

Со оваа одлука вели Бектеши, целосно ќе се искористи капацитетот на ТЕТО кој е близу 300 мегавати.

Со ваквата одлука се поочигледно е дека паѓа во вода предлогот на Владата со 6 милиони евра да ги помогне снабдувачите со топлинска енергија за да ги покријат високите трошоци за набавка на гас, за кој Бектеши  рече дека компаниите не се изјасниле дали го прифаќаат.

Одлуката за работата на ТЕТО ќе ги покрие проблемите до крајот на јануари. Но, Бектеши посочи, ако има потреба во следниот период ќе се носат нови мерки со оглед на тоа што во земјава е прогласена кризна состојба. 

Снабдувачите со топлинска енергија за потешкотиите во работењето со кои се соочуваат, како главен проблем ја посочија цената на гасот која се зголеми за три пати.