Вкупно 45 лица обвинети заради непочитување на здравствените прописи во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави 39 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 45 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Еден од обвинетите не ја почитувал Наредбата за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, како мерка за спречување и ширење на заразната болест COVID-19.
Сите останати 44 лица не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.
За сите обвинети лица, јавните обвинители му предложија на судот да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата