Виничките села Трсино и Трстија ќе добијат филтер станица за вода, пат и струја од соларна енергија
Нова филтер станица за вода и струја од фотоволтаични панели за училишната заграда ќе добијат жителите на виничкото село Трсино, додека за соседното село Трстија е започната постапката за изградба на асфалтиран пат во должина од околу 1.800 метри.
Вкупната инвестиција за сите три проекти изнесува 16 милиони 643 илјади денари, од кои 75 отсто се обезбедени како кредит од Светска банка преку ИПАРД програмата, а остатокот е сопствено учество на општина Виница.
- Со изградбата на филтер станицата ќе обезбедиме чиста вода за пиење за околу илјада жители на Трсино, а дополнително со поставувањето на соларниот систем училишната зграда во ова населено место ќе добие евтин и обновлив извор на електрична енергија. Изградбата и асфалтирањето на локалниот пат од Трстија, преку планинските маала Беловци и Маринци ќе ги поврзе жителите на Грлани со општинскиот центар, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.
Денеска во општина Виница беше потпишан договор со фирмата „Жикол“ од Струмица која ќе биде изведувач на градежните работи, што треба да завршат во период од осум месеци.
Ново на Сител
-
Мачадо: Нобеловата награда за мир е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“
-
Крадел производи поставени пред маркет и нападнал вработена - приведен кавадарчанец
-
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија
-
Путин: Трамп направи многу за мирот
-
Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“
-
Мерц најави помош од 29 милиони евра за Појасот Газа
-
МП: Венецијанската комисија даде позитивно мислење за предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители
-
ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори