Вилем Ваутер Пломп: Европа будно ги следи преговорите за името
Европа будно ги следи преговорите, што се водат во Брисел меѓу Македонија и Грција, со посредство на преговарачот Метју Нимиц, порача денеска холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп.
- Фер е да се каже дека никој не очекува дека прашањето ќе биде решено утре, но важно е дека изминатите месеци имаше позитивни иницијативи и дека работите одат во позитивна насока, истакна Пломп на предавањето за „Состојбата на човековите права“ пред студентите од Факултетот за безбедност - Скопје
Тој нагласи дека холандската Влада нема позиција за спорот со името.
- Можам само да кажам дека мојата Влада се надева дека двете земји ќе најдат решение, додаде амбасадорот.
Потсети дека Холандија е партнер на Македонија на патот на евроатлантските интеграции и таа ќе продолжи за чекори со неа, доколку Владата продолжи со реализирање на реформите, пред се во сферата на владеењето на правото.
Како столбови на реформите во земјава ги посочи независното судство, автономните институции и владеењето на правото, кои се гаранција дека човековите права ќе бидат навистина почитувани.
- Владеењето на правото е суштинско за остварување на човековите права. Владата мора да го изоди тој пат и да воспостави силни институции, кои гарантираат почитување на човековите права, а ние ќе останеме верни на нашиот пристап и како земја ќе чекориме заедно со вас, рече амбасадорот.
Потсети дека земјава пред неколку години имала сериозни проблеми со слободата на медиумите, но оцени дека е забележано подобрување на состојбата во оваа сфера во 2017 година. Поради тоа една од активностите на кои се посветила холандската Амбасадата е токму унапредувањето на слободното информирање. Тука го спомена финасирањето на емисијата 360 степени, која се емитува на Алсат-М.
- Сите сме свесни за застрашувачките последици од ситуацијата кога никој не го набљудува набљудувачот. Затоа толку многу инвестиравме во транспарентноста, каде медиумите имаат голема улога, додаде тој.
Холандија повеќе од 20 години ја поддржува Македонија во сферата на унапредувањето на човековите права и тука Пломп спомена повеќе проекти.
Предавањето во рамки на Дипломатски форум на Факултетот се одржа по повод одбележувањето на Денот на човековите права, што се одбележа на 10 декември.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350