Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
Според неофицијални сознанија од истрагата за исчезнувањето на малата Данка, вештачењето на мобилниот телефон на нејзината мајка покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува Информер.
„На ден пред исчезнувањето на Данка Илиќ и на денот на нејзиното исчезнување, многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдија инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но остануваат во базата“, вели изворот на весникот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ, мајката три пати го фотографирала детето од различни агли.
Мајката денеска по четврти пат е однесена во полиција каде што ја разгледуваат секоја информација што стигнува до полицијата во истрагата за исчезнувањето на нејзината ќерка, прво објави Блиц.
Како што пренесува Телеграф.рс, таа неофицијално не е осомничена.
Како што неофицијално дознава овој медиум, полицијата во последните 4 дена добила многу информации преку системот „Најди ме“ и секоја информација мора да се провери за да се најде Данка Илиќ.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен