Вес Мичел во посета на Косово
Помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел денеска и утре е во посета на Косово каде ќе се сретне со претседателот Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и со други политичари и претставници на цивилното општество, соопшти Стејт департментот.
Во соопштението се наведува дека посетата ќе ги „потврди блиските односи“ на Косово и САД и оти Мичел „ќе ја охрабри Владата на Косово да постигне напредок во дијалогот за нормализација на односите со Србија, да го зајакне владеењето на правото, да го поттикне економскиот развој и да ги надмине регионалните поредизвици во интерес на стабилноста и интеграцијата на Запад“.
Тачи и Мичел денеска ќе одржат и заедничка прес конференција.
Мичел од 12 до 17 ќе ги посети Белград, Приштина, Скопје, Атина и Никозија.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ