Венецуела ја повлече од оптек најкористената банкнота
Венецуелските власти ја повлекуваат од оптек најкористената банкнота поради се повисоката инфлација во државата.
Претседателот Николас Мадуро соопшти синоќа дека банкнотата од 100 боливари ќе биде повлечена од оптек до среда. Во моментот нејзината вредност е само два американски долара на црниот пазар.
Владата вети дека од четврток во оптек ќе има шест нови банкноти и три монети во вредност од 500 до 20.000 боливари. Мадуро рече дека банкнотата од 100 боливари се повлекува во рамки на борба со шверцот по границата со Колумбија.
Одлуката беше критикувана со тврдења дека за 72 часа не е возможно да се премине кон новите банкноти. Жителите на државата со часови чекаат за да повлечат пари од банки. Боливарот има најголем пад на вредноста во историјата, поевтинувајќи спрема доларот за 60 отсто од почетокот на ноември. Тоа предизвика криза во здравствениот сектор и глад меѓу милиони луѓе.
Западни медиуми јавуваат дека плаќањето во ресторан или супермаркет без дебитна или кредитна картичка често може да значи и торба полна со пари. Претседателот Мадуро вели дека врз владата се води „економска војна“ од опозицијата и од САД.
Венецуелската банка не објави податоци за инфлацијата во оваа година. Економската консултантска компанија Екоаналитика наведува дека годишната инфлација оваа година ќе биде над 500 проценти.
Ново на Сител
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце
-
Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки
-
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата
-
УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи