ВЕЧЕРВА НА ТВ СИТЕЛ: Доделување на филмските награди „Оскар“
Во Лос Анџелес денеска ќе се одржи 88-мото доделување на филмските награди Оскар. Шоуто ќе се случува во театарот „Долби“ во Центарот „Холивуд и Хајланд“, каде ќе бидат најголемите ѕвезди во филмската индустрија.
Меѓу номинираните се големи актерски имиња: Леонардо Дикаприо, Мет Дејмон, Кејт Бланшет, Џенифер Лоренс, Шарлот Ремплинг, Кејт Винслет, Мајкл Фасбендер, Еди Редмејн, Кристијан Бејл, Силвестер Сталоне, Рејчел Мекадамс.
Членовите на Американската академија на филмска уметност и наука ќе ги наградат најдобрите филмови во 2015-та. Дванаесет номинации има филмот „Повратник”, десет „Побеснетиот Макс“, а седум номинации доби „Марсовец“.
За Оскар за најдобар филм номинирани се: „Мост на шпиони“, „Бруклин“, „Повратник”, „Побеснетиот Макс“, „Марсовец“, „Соба“, „Обложување на столетието“ и „Спотлајт”.
На оскаровската церемонија ќе се појават голем број филмски и музички ѕвезди, како Расел Кроу, Вупи Голдберг, Шарлиз Терон, Морган Фримен, Бенисио Дел Торо, Риз Видерспун, Џулиен Мур, Софија Вергара, Џон Леџенд, Лејди Гага, Д Викенд, Фарел Вилијамс, Сем Смит.
Водител ќе биде популарниот актер, сценарист и режисер Крис Рок, а настанот ќе го пренесуваат над 200 држави во светот.
Преносот на „Ноќ на Оскарите“ во Македонија ќе го емитува ТВ Сител. Ќе почне вечерва околу 23.40 часот. Најпрво ќе биде проследено пристигнувањето на ѕвездите, а од 1 часот по полноќ ќе почне „Одбројување до Оскарите“ со куси интервјуа со номинираните за Оскар и поранешните добитници пред самиот театар „Долби“. Оскаровското шоу ќе почне во 2.30 по македонско време и се очекува да трае околу четири часа.
Коментатор на преносот ќе биде Миланка Рашиќ, чија агенција „Миракс“ и годинава ги откупи ТВ-правата за емитување на најгламурозниот светски филмски настан. Првиот дел од преносот заедно со Рашиќ ќе го коментира костимографот и моден дизајнер Александар Ношпал.
Ново на Сител
-
Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување
-
САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари
-
Од денеска почнува пријавувањето за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисела Вода
-
Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински беспилотни летала при ноќни напади
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Сончево и топло, до 25 степени
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија