Ватфорд го губи Велбек за месеци
Напаѓачот на Ватфорд, Дани Велбек, може да отсуствува неколку месеци, поради повреда во областа на адукторите. Велбек се повреди рано во ремито 1:1 во Премиер лигата против Тотенхем минатиот викенд, кога беше принудно заменет во четвртата минута.
Менаџерот на тимот, Кике Санчез Флорес објасни дека повредата е сериозна и сè уште не е јасно колку време ќе трае за да се опорави напаѓачот, но тој ќе биде аут „поскоро месеци, отколку недели“.
Дваесет и осум-годишниот Велбек, кој има натпревари во репрезентацијата на Англија, неодамна се врати во игра по долгата повреда на глуждот. Ватфорд е последен на рангот на англиската фудбалска елита и сè уште нема победа по девет кола.
Добрата вест за Флорес е поврзана со враќањето на напаѓачот Трој Дин, кој се опоравува од операцијата на коленото.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци