-->
-->
Ватерполисти под истрага за консумирање алкохол во Олимпиското село
-->
Олимпискиот организациски комитет во Токио истражува случај на пиење алкохол од спортисти во Олимпиското село.
– На 31 јули, имаше случај со пиење алкохол од ватерполисти во Олимпиското село. Истрага е спроведена по ова прашање, објави генералниот директор на организацискиот комитет Тоширо Муто.
Во кој тим е забележан овој случај не е наведено.
Претходно, Организацискиот одбор на Олимпијадата ја укина акредитацијата на две грузиски џудисти, кои доброволно ја напуштија територијата на Олимпиското село за да ги посетат знаменитостите на главниот град на Јапонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден