Loading Video...
Ракомет
15. April 2018 - 15:22

Вардарки порачуваат: Не е важно кој ќе биде противник важно е да одиме чекор понапред, до титулата

Ракометарките на Вардар со победа над Митјиланд го потврдија својот  пласманот на завршниот Фајнал-форот турнир во Лигата на шампионките
 
Вардарки по петти пат во низа обезбедија пласман на завршниот Фајнал-фор турнир во Лигата на шампионките  
 
Откако во четвртфиналната рунда во двата меча беа подобри од данскиот  Митјиланд, вардарки одново ќе играат на фајнал-форот во Будимпешта. 
 
Можни противнички на вардарки на патот кон трофејот кој рускиот тим Ростов Дон, актуелниот шампион унгарски Ѓер од кого загубија лани во финалето и најверојатно екипата на ЦСМ Букурешт шампионот од пред две сезони кој попладнево го игра реваншот против Мец дуел во кој романската екипа ќе влезе со 13гола предност од првиот меч.
 
Црвено-црните противникот ќе го дознаа во вторник (17 април) кога во Будимпешта ќе биде извршена ждрепката за полуфиналето. 
 
Завршниот турнир ќе се игра на 12 и 13 мај во „Пап Ласно“ арената во Будимпешта.