Вардар 1961 со гостување кај норвешки Елверум ја отвора сезоната во ЛШ
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го потврди распоредот за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), според кој, македонскиот првак Вардар 1961 трипати во серија ќе биде домаќин, откако во воведното коло ќе му гостува на норвешки Елверум.
По стартното гостување во Норвешка, Вардар во Скопје ќе ги пречека Мешков Брест, Алборг и Монпеље, а од деветтото до 11 коло трипати по ред ќе гостува на екипите на Кил, Загреб и Монпеље.
Распоред на натпреварите на Вардар 1961 во ракометната Лига на шампиони за сезоната 2021/22:
1 коло, 15/16.09, Елверум – Вардар
2 коло, 22/23.09, Вардар – Мешков Брест
3 коло, 29/30.09, Вардар – Алборг
4 коло, 13/14.10, Вардар – Монпелје
5 коло, 20/21.10, Алборг – Вардар
6 коло, 27/28.10, Вардар – Кил
7 коло, 17/18.11, ПИК Сегед – Вардар
8 коло, 24/25.11, Вардар – ПИК Сегед
9 коло, 01/02.12, Кил – Вардар
10 коло, 08/09.12, Загреб – Вардар
11 коло, 16/17.02, Монпелје – Вардар
12 коло, 23/24.02, Вардар – Загреб
13 коло, 02/03.03, Мешков Брест – Вардар
14 коло, 09/10.03, Вардар – Елверум.
Ново на Сител
-

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
-

Тешко повреден возач во возило кое излетало од патот кај Марена
-

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите на реката Луда Мара
-

МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Грчките земјоделци ги интензивираат активностите – дополнителни блокади низ целата земја
