Македонија
26. August 2024 - 16:31

Вакцини против Ковид-19 се очекува да стигнат за десетина дена

Ковидот зема замав, на пик се повозрасните лица. 213 нови случаи се регистрирани од кои половина се лица над 60 години. Вирусот забрзано се шири, комисијата за заразни болести ги издаде првите препораки. Апелираат повозрасните и лицата со хронични болести да се заштитат со вакцина, но вакцини се уште нема.  Првиот пакет донација од ЕУ ќе пристигне за десетина дена.

Освен вакцинација како најефикасен начин за заштита од тешка форма на болеста, комисијата препорача граѓаните да избегнуваат групирање, подолг престој во затворени простории, редовно проветрување и зголемена хигиена. СЗО веќе алармираше дека процентот на новозаразени е во пораст во многу земји во светот а забележан е пад на покриеноста со вакцини.